Лестер ја продолжи победничката серија, нов триумф и на Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лестер се препороди откако замина Клаудио Раниери, тимот под водство на Крег Шекспир реди само победи. Овој пат триумфираа со 3-2 на гостувањето кај Вест Хем.

Веќе во 5. минута Марез донесе водство од 1-0, а само две минути подоцна Хут погоди за предност на Лестер од 2-0.

Во 20. минута Ланзини намали на 2-1 и го врати Вест Хем во натпреварот, но на пет минути пред крајот на првото полувреме, Варди ја врати предноста од два гола разлика.

Во 63. минута Ајев намали на 2-3 и повторно носи надеж на Вест Хем, но до крајот на мечот Лестер успеа да се одбрани и да дојде до значајни три бода.

Челси оствари нова победа, овој пат на гостувањето Стоук со 2-1.

Челси поведе со гол на Вилијан во 13. минута, Волтерс во од пенал во 38. минута изедначи на 1-1. Во 87. минута Кејхил ја донесе победата на сините.

Евертон со убедливи 4-0 го победи Хал. Лукаку беше стрелец на два гола, по еден постигнаа Валенсија и Калверт Левин.

Кристал Палас со 1-0 го победи Ватфорд, Сандерленд и Барнли одиграа 0-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани