105
Лестер го
договори Адриен Силва во зделка вредна 24 милиони евра откако го продаде Дени
Дринквотер на Челси.
Сепак, ФИФА одби
да го регистрира играчот бидејќи „Лисиците“ задоцниле со апликацијата 14
секунди.
Клубот од Кинг
Пауер Стадионот достави две жалби, но и во двата наврати беше одбиен, па
скапото засилување ќе треба до јануари да почека за своето деби.
Португалецот
денеска се појави на тренингот на Лестер и сите зборуваат за неговиот број.
Адриен Силва ја носи 14та, и фановите на социјалните мрежи се убедени дека ова
е провокација од играчот од Лестер до ФИФА.