Лестер го изненади Тотнем, Варди ги пецна навивачите онаму каде што боли најмногу (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Варди

Лестер со два брзи гола го шокираше Тотнем во Лондон и славеше со 1-2, Џејми Варди уште еднаш ги потсети навивачите на „спарси“ дека немаат ниту една титула во Премиерлигата, а тој и „лисиците“ имаат една.

Тотнем игра во очајна форма, момците на Постекоглу се надеваа дека против Лестер ќе им се вратат на победите, и се одеше според планот кога Ришарлисон донесе предност од 1-0 во 33. минута.

Сепак, само што почна второто полувреме, Варди изедначи на 1-1, напаѓачот исто така ја искористи оваа прилика да ги пецне навивачите на „спарис“ онаму каде што боли најмногу и сугерираше дека тие немаат ниту една титула во Премиерлигата, а тој и „лисиците“ имаат една.

Потоа следуваше нов шок, Ел Канус погоди за комплетен пресврт и 1-2 во 50. минута, резултат кој на гостите им донесе три важни бода во битката за опстанок.

На вториот натпревар од 15 часот, Брентфорд со 1-2 славеше во градското дерби против Кристал Палас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани