„Лесно можеше Реал Мадрид да изгуби 2-8 и Анчелоти да добие отказ“

by bojan
1 минути читање
Барселона

Аналитичарите имаа многу замерки за Карло Анчелоти и фудбалерите на Реал Мадрид по синоќашниот пораз на „кралевите“ од 2-5 во финалето на Суперкупот на Шпанија.

Реал Мадрид втор пат оваа сезона претрпе тежок пораз од Барселона, синоќа во Џеда загуби со 2-5 во финалето на Суперкупот на Шпанија, па аналитичарите имаа многу замерки за Карло Анчелоти и играчите.

„Прв на удар е Анчелоти, но фудбалерите се тие кои го играат финалето. Каде беше Винисиус? Каде беше Белингем? Како може тоа Анчелоти да биде добар кога пред шест месеци го донесе трофејот во Лигата на шампиони а сега да не чини?“ – вели Антонио Санц.

„Сите сносат вида, перформансите на Реал Мадрид беа ужасни. Единствен кој одигра како што треба беше Мбапе, можеби Куртоа и Валверде. Винисиус вчера никаде го немаше. Па не случајно Реал Мадрид се мачи во Лигата на шампиони“ – вели Начо Лабарга.

„Начинот на кој Раел Мадрид загуби е недопустлив. Да, оваа сезона Реал беше поразен и од Ливерпул и Милан, но беше понижен само од Барселона на Ханси Флик, имаат скор 9-2“ – вели Емилио Контрерас.

„Оваа сезона, Реал Мадрид често се мачи, ова е голем пораз за сите. Барса го прегаси Реал, да не беше црвениот картон на Шчесни, лесно можеше да се случи Реал да загуби со 2-8 а Анчелоти да добие отказ“ – вели Емилио Перез де Розас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани