„Лесни пари!“ – Конор Мекгрегор го одбра својот фаворит за триумф на Европското првенство (ФОТО)

by bojan
2 минути читање
Мекгрегор

Познатиот ММА борец, Конор Мекгрегор се пофали на социјалните мрежи дека вложил голема сума на триумф на Шпанија на Европското првенство и чека милионска исплата.

Денеска стартува Европското првенство, па фудбалска треска ќе ги зафати сите големи љубители на спортот.

Еден од нив е познатиот ММА борец, Конор Мекгрегор кој очигледно ќе навива за Шпанија.

Ирецот на социјалните мрежи се пофали дека вложил голема сума (83.500 долари) на триумф на „црвената фурија“.

Вамос Шпанија. Лесни пари на трумф на Шпанија на Европското првенство на мојот роденден. Убаво милионче за „Мек“!“ – напиша Конор Мекгрегор, кој ќе наполни 36 години на 14 јули денот кога се игра големото финале на континенталниот собир во Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани