Лесна победа над Ница го врати ПСЖ на врвот во Франција (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Пари Сен Жермен доминираше на гостувањето кај Ница и славеше убедливо со 0-4 во 27. коло од Лига 1, со што повторно се искачи на врвот на табелата.

Домаќинот даваше отпор во првото полувреме, но парижани ја отворија серијата голови во 42. минута преку Нуно Мендеш од пенал. На стартот на вториот дел истиот играч асистираше за Дезире Дуе кој зголеми на 0-2.

Клучниот момент се случи во 61. минута кога Ница остана со играч помалку, по што ПСЖ целосно ја презеде контролата. Во финишот Усман Дембеле асистираше за Дро Фернандез кој го постигна својот прв гол, а конечните 0:4 ги постави Ворен Заире Емери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×