Лерој Сане се врати во Минхен и направи тепачка на Октоберфест

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Баерн, Лерој Сане се врати во Минхен за да ужива на Октоберфест, но вечерта завршила со инцидент и тепачка.

Лерој Сане ја одби понудата на „баварците“ за нов договор и изминатово лето се пресели во редовите на Галатасарај.

Минатата недела тој се вратил во Минхен за да ужива на познатиот Октоберфест, но вечерта завршила со инцидент и тепачка.

Според очевидци, една група, во која имало навивачи на Баерн, почнала да дофрла погрдни коментари, некои од нив можеле да се протолкуваат и како расистички.

Фудбалерот првично се обидел да остане смирен, ги игнорирал, но навредите продолжиле, па Германецот решил да се соочи со групата, настанала жестока расправија и конфликтот брзо ескалирал.

„Бев навредуван и провоциран со часови, навреди доби и мојот клуб Галатасарај. Атмосферата се вжешти во еден момент, бев турнат и дојде до краток физички судир. Да, требаше да останам смирен, но ете се случи тоа што се случи“ – вели Лерој Сане.

ФОТО: X/Galatasaray SK

Можно е и ова да ти се допаѓа

×