Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го назначи Леонид Јандреоски за генерален секретар со мандат од четири години.
ФФМ потврди дека Леонид Јандреоски ќе биде прв оперативец во „Куќата на фудбалот“.
Тој е дипломиран економист на економскиот факултет при УКИМ. Има завршено магистарски студии на економскиот факултет во Љубљана, во областа спортски менаџмент.
Активно учество во организацијата на Европското првенство во фудбал до 21 година во Љубљана, Словенија 2021 година. Стекнат сертификат за напреден спортски менаџмент, едукативна програма организирана од МОК.
Работно искуство има во компанијата А1 Македонија во делот на маркетинг комуникации, продолжувајќи го искуството во истата област од Универзал Медиа.