Како што пишува Л’Екип, капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез е еден од кандидатите за престижната „Златна Топка“, заедно со Родри, Џуд Белингем и Винисиус Жуниор.
Весникот Л’Екип, кој има ист издавач како „Франс Фудбал“, пишува дека Лаутаро Мартинез е помеѓу четворицата фаворити за „Златната топка“.
Капитенот на Интер стигна до титулата во Серија А како најдобар стрелец, а стана и шампион со Аргентина на Копа Америка, исто така како најдобар стрелец.
Па напаѓачот е еден од кандидатите за престижната индивидуална награда заедно со Родри од Манчестер Сити, како и двоецот на Реал Мадрид, Џуд Белингем и Винисиус Жуниор.
Како фаворит од сенка во битката за „Златната топка“ се посочува Карвахал, кој оваа сезона може да се пофали со триумф во Ла Лига, Лигата на шампиони и Европското првенство.