Лекип открива: Слаткоречивиот Клоп го шармирал Мбапе, но Ливерпул немал пари да го купи

by
1 минути читање

Денеска започнува
новата сезона од Лигата на шампионите, а дербито во првото коло се игра на
Енфилд каде Ливерпул го пречекува ПСЖ. Во пресрет на пресметката, Лекип открива
дека „Црвените“ минатото лето биле блиску до потписот на Килијан Мбапе, но
немале доволно пари да го купат Французинот, кој на крајот се пресели во Париз
за 180 милиони евра.

Весникот пишува
дека Јирген Клоп имал неколку часовен телефонски разговор со тинејџерот и се
обидувал да го убеди да се пресели на „Островото“. Ливерпул бил подготвен да го
направи напаѓачот најплатен во своите редови,

Килијан Мбапе бил
шармиран од слаткоречивоста и ентузијазмот на Германецот но тоа не било доволно
за трансфер бидејќи Ливерпул не можел да одвои 180 милиони евра, колку што
плати ПСЖ му плати на Монако за суперталентираниот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×