Францускиот весник Л’Екип открива дека Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор се двајцата најплатени фудбалери во Ла Лига, но Французинот има поголеми примања од својот соиграч благодарејќи на бонусите.
Л’Екип секоја година објавува анализа на платите, а бројките за оваа година покажуваат дека Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор се двајцата најплатени во Ла Лига.
Ѕвездите на Реал Мадрид се на врвот со месечни бруто примања од околу 2,67 милиони евра (што во превод на годишно ниво во нето износ изнесува околу 16 милиони евра).
Но ова е само еден дел од сликата, Французинот има далеку поголеми примања од својот соиграч благодарејќи на бонусите.
Килијан Мбапе на „Бернабеу“ пристигна како слободен играч, Реал Мадрид не му плати ништо на ПСЖ, па се верува дека напаѓачот си обезбедил богат бонус за потпис од околу 100 милиони евра, сума која ќе биде распределена во петте години од договорот.
Л’Екип исто така додава дека фиксната плата на Винисиус Жуниор дополнително ќе се зголеми за 2 милиони нето следната сезона (ќе заработува околу 18 милиони евра нето), но и покрај тоа, Килијан Мбапе ќе заработува повеќе.
Токму ова е еден од проблемите во преговорите помеѓу Винисиус Жуниор и Флорентино Перез за нов договор, Бразилецот инсистира да биде израмнет со Килијан Мбапе.
Што се однесува до останатите во топ 5 листата на најплатени играчи во Ла Лига, Давид Алаба е следен со 1,88 милиони евра бруто месечно, Роберт Левандовски има 1,73 милиони евра бруто месечно, додека пак Џуд Белингем и Јан Облак имаат по 1,67 милиони евра бруто месечна плата.