Л’Екип објави кој е најплатен фудбалер во Франција по преселбата на Килијан Мбапе во Реал Мадрид

by bojan
1 минути читање
ПСЖ

Весникот Л’Екип ги објави платите во Лига 1, по трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, најплатен е Осман Дембеле со месечни бруто примања од 1,5 милиони евра.

ПСЖ и понатаму доминира кога се во прашање во најсилното фудбалско првенство во Франција.

Ѕвездите на „светците“ ги окупираат дури првите 13 места на листата со играчи со најголеми примања.

По трансферот на Килијан Мбапе во Реал Мадрид, најплатен фудбалер во Лига 1 е Осман Дембеле, напаѓачот има месечни бруто примања од 1,5 милиони евра.

Милионски месечни примања имаат уште тројца фудбалери на ПСЖ, односно Маркињос (1,12 милиони), Лукас Ернандез (1,1 милиони евра) и Ашраф Хакими (1,1 милиони евра).

Прв под оваа граница е Заире Емери со месечни примања од 950.000 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани