Лекип најавува трансфер бомба во Шпанија: Реал Мадрид крои тајни планови за ангажман на Гризман

by
1 минути читање

Советникот на
играчот вчера откри дека пет гиганти стапиле во контакт со нив и се
распрашувале за ситуацијата на Антоан Гризман.

Тој порача дека
цената на неговиот клиент е 100 милиони евра, и откри дека клубовите се
Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Барселона па дури и Реал Мадрид.

Во пресрет на
градското дерби помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид, Лекип објави
сензационална вест.

Реномираниот
весник од Франција вели дека „Кралевите“ имаат намера да го купат Еден Азар ова
лето, а следното да направат нова трансфер бомба и да го ангажираат Антоан
Гризман.

Самиот играч кога
зборуваше за можен трансфер на Сантијаго Бернабеу велеше дека тое е практично
невозможно бидејќи двата клупа имаат „џентлменски договор“ да не си купуваат
играчи еден од друг.

Но оваа недела се
појавија стории кои велеа дека Флорентино Перез ќе го прегази дадениот збор за
да го „украде“ талентираниот Тео Ернандез од градскиот ривал.

Па еден ваков потег отвара врата и за трансфер на Антоан Гризман.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани