Реномираниот француски весник „Л’Екип“ ја разбуди еуфоријата кај навивачите на Хајдук откако најави можен голем трансфер за хрватскиот клуб.
Поранешниот фудбалер на Барса и Севиља кој сега настапува во Саудиска Арабија, би можел да биде ново засилување за Хајдук.
„Откако во текот на зимата се пресели во Ал Шабаб, Ракитиќ би можел сега да го напушти саудиското првенство и да го засили Хајдук. По успешниот трансфер на Иван Перишиќ во јануари, Хајдук се надева дека може да донесе уште едно големо фудбалско име“, пишува „Л’Екип“
Ракитиќ е легенда на хрватскиот фудбал, но никогаш во кариерата не играл во хрватската лига. Причина за тоа е фактот што е роден во Швајцарија, па кариерата ја почна во Базел пред да се пресели во Шалке во 2007 година. Потоа играше за Севиља и Барселона пред да ја напушти Шпанија минатата зима.