Поранешниот голман на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија, Сантијаго Канизарес, со критика до Родриго по разочарувачкиот настап на „кралевите“ против Ал-Хилал на Светското клупско првенство во САД.
Тимот на Чаби Алонсо одигра само 1-1, а шансата за три бода ја испушти Федерико Валверде, кој промаши пенал во судиското надополнување. Килијан Мбапе не беше во составот поради болест, па бразилскиот напаѓач стартуваше, но, според зборовите на Кањизарес, делувал како сенка од самиот себе.
„Не го разбирам тоа. Мора нешто да се случува со тоа дете. Не сакам да шпекулирам, но тоа не е истиот Родриго од минатото. Последниве неколку месеци не изгледа ни како професионален фудбалер. Го имам видено како игра фантастично, а сега делува изгубено, безволно и отсутен од играта“ изјави Канизарес.
Настапот на Реал предизвика бројни реакции во шпанската јавност, особено поради тоа што екипата не изгледа убедливо на планетарниот собир иако важи за еден од фаворитите..
Фото: Real Madrid/Twitter