Српскиот напаѓач, Душан Влаховиќ доби жестоки критики од поранешниот италијански репрезентативец, Антонио Касано.
Касано е човек кој често знае да предизвика бурни реакции со своите коментари во Италија, а сега тема му беше Влаховиќ кој посигна два гола во првите натпревари во Серија А.
На Касано му пречеше прославата која ја имаше Влаховиќ при тие два гола и неговото однесување.
„Влаховиќ не замина и Јувентус има обврска да го користи или мислат дека тоа е исправно. Со тоа му прават услуга. Влаховиќ направи глупости со тоа што кажа „јас останувам тука“. Гледајќи како се однесува…Доведен беше за многу пари, добива голема плата, а веќе три години игра лошо. Сега кога постигна два гола ги шири рацете како да е крал. Всушност е промашување, а добива големи пари“, коментира Касано.
Во редовите на Јувентус, Влаховиќ пристигна во 2022 година од Фиоренина за 84 милиони евра и во дресот на „старата дама“ на 147 натпревари постигна 60 голови и додаде 14 асистенции.
Фото: Juventus FC/X