21
Изјавите на Енцо Фернандез предизвикаа бурни реакции во јавноста, откако аргентинскиот репрезентативец јавно призна дека би сакал да живее во Мадрид.
Фудбалерот на Челси индиректно го отвори прашањето за својата иднина, што не наиде на добар прием кај навивачите, особено поради поврзувањата со Реал Мадрид.
„Би сакал да живеам во Мадрид, прекрасен град, ме потсетува на Буенос Аирес“, изјави Фернандез, оставајќи простор за шпекулации околу можен трансфер.
Набрзо реагираше и клупската легенда Џон Оби Микел, кој испрати јасна порака.
„Ова е Челси, а не отскочна даска. Ако срцето ти е во Мадрид, тогаш не треба да го носиш овој дрес“, порача поранешниот играч на „сините“.