Легендата Раул се враќа во Реал, ќе му дели совети на Перез

by
1 минути читање

Седум години
откако ги напушти „Кралевите“, Раул ќе се врати во клубот каде ја помина речиси
цела кариера и каде што ги доживеа најголемите успеси.

Според пишувањата
на Марка, Шпанецот следната недела ќе стави потпис на договорот со Реал Мадрид
и во иднина ќе биде личен советник на претседателот Флорентино Перез.

Раул новата
авантура ќе ја започне во јули, а до крајот на сезоната тој ќе продолжи да
работи како преставник на Ла Лига во Северна Америка и стручен коментатор на
беИн Спорт.

Весникот исто
така додава дека тој би можел да ги следи зтапките на Зинедин Зидан, кој исто
така започна како советник на Флорентино Перез а сега е тренер на првиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани