Легендата на РБ Лајпциг се повлекува од фудбалот по смртта на својот брат

by bojan
1 минути читање

Од таборот на „биковите“ соопштија дека Кевин Кампл го напушта клубот на крајот од јануари, словенечкиот фудбалер се повлекува од фудбалот по смртта на својот брат, сака да биде покрај своето семејство и својот татко, кој се наоѓа во тешка здравствена состојба.

По осум ипол години поминати во РБ Лајпциг, Кевин Кампл овој месец се збогува со „биковите“.

Словенечкиот фудбалер оваа сезона има само три настапи и тоа од клупата за резерви, а од крајот на септември, тој ниту еднаш не се најде во составот.

Причина за ова е смртта на неговиот брат, па Кевин Кампл сака во иднина поголемо внимание да посвети на неговото семејство.

„Овие месеци беа многу емотивни за моето семејство и за мене, обележани со длабока тага. Болката од ненадејната загуба на мојот брат ми покажа колку е драгоцени времето и колку е важно да се поминува со најблиските. По сите овие години, сфатив дека дојде моментот да се вратам дома, особено бидејќи мојот татко не е во добра здравствена состојба, сакам да поминам повеќе време со него. Време кое никогаш не може да се врати“ – се вели во емотивната објава на Кевин Кампл.

„Иако ова е многу тежок чекор за мене, понекогаш одлуките во животот се поважни од фудбалот. Би сакал уште еднаш да истрчам на теренот на нашиот стадион, пред вас, нашите верни навивачи. Не замислував дека на овој начин ќе кажам збогум, но животот некогаш ви носи други приоритети“.

ФОТО: X/RB Leipzig English

Можно е и ова да ти се допаѓа

×