Кинеските газди
го одврза ќесето ова лето, па Милан изминативе месеци троши како ретко кога
претходно.
Фановите се воодушевени од настапот на трансфер пазарот и потрошените преку 200
милиони евра на дури 9 нови засилувања.
Но тоа не важи и
за легендата на клубот, Андриј Шевченко, кој вели дека сето тоа му изгледа
премногу хаотично.
„Не знам што да
очекувам” – вели популарниот
Шева, кој постигна 175 гола на 322 натпревари и помогна во освојувањето на
Лигата на шампионите.
„Има два различни
методи за постигнување успех. Планиран и спонтан начин. Според мене, Милан
превзема хаотични акции и нема дефинитивен план”.
„Винченцо Монтела
имаше одредена визија и план, но поради одредени причини мораа брзо да реагираат”.
„Има премногу
ново фудбалери. Купуваат играч на одредена позиција и неколку недели доаѓа
играч кој игра на истата позиција. Ова се спонтани одлуки!”