Легендата на Манчестер јунајтед удри по Аморим: Тимот со него e полош, отколку со Тен Хаг!

by Стефан
1 минути читање

На Манчестер јунајтед не му оди ниту со Рубен Аморим на клупата, Португалецот со своето доаѓање на местото на Ерик Тен Хаг не успеа да донесе напредок, а легендарниот Гери Невил смета дека тимот е дури полош.

Невил кој денес работи како стручен коментатор и редовно ги коментира случувања во англискиот фудбал признава дека е изненаден од ситуацијата во која сега се наоѓаат „црвените ѓаволи“.

„Постојат две опции. Или експериментира за да најде решение кое му одговара најмногу или едноставно не ги сака напаѓачите кои ги има. Навистина не видов ништо позитивно во Јунајтед. Ова е многу полошо отколку со Тен Хаг и тоа ме изненадува. Уште многу болка очекувам до крај на сезоната“, кажа Невил.

Манчестер јунајтед во овој по 24. кола во Премиер лигата се наоѓа на 13-тата позиција и е многу поблиску до тимовите во борбата за опстанок, отколку до оние на врвот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани