Минатото лето,
Жозе Мурињо инсистираше на ангажман на нов централен дефанзивец, Манчестер
јунајтед се поврзуваше со еден куп играчи, но на крајот никој не пристигна на
Олд Трафорд.
Но се чини дека ваков профил на играч не е помеѓу приоритетите на Оле Гунар
Солскјер, кој неодамна сугерираше дека играчите кои ги има на располање се
доволно добри.
Сепак, легендата на Манчестер јунајтед, Брајан Робсон смета дека е од огромна
важност да се донесе нов централен дефанзивец и го советува Норвежанецот да не
штеди пари како што тоа го направи Ливерпул со Вирџил ван Дајк.
„Знам дека Оле сугерираше дека не му треба нов централен дефанзивец, но јас не
се сложувам со ова. Секако, Оле ја подобри играта во одбрана, но видовме каков
беше импактот на Вирџил ван Дајк во Ливерпул оваа сезона“ – вели поранешниот
капитен на „ѓаволите“.
„Ангажман на
ваков профил на играч, лидер кој командува, може да го катапултира Манчестер
јунајтед напред. Можете да видите каква самодоверба влева Ван Дајк во голманот
на Ливерпул, партнерите од одбраната и средниот ред“.
„Манчестер јунајтед
мора да купи ваков играч“.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.