Легендата на Ливерпул откри две имиња на фудбалери на Манчестер јунајтед кои ги мразел

by
1 минути читање

Поранешниот
фудбалер на англискиот премиерлигаш Ливерпул, воедно и легенда на овој клуб,
Стивен Џерард, обелодени две имиња од Манчестер јунајтед за кои вели дека на
дуелите со нив правел се
што
било во негова моќ за да ги победи.

Кога ќе излезете
од тунелот кон теренот против фудбалери како Рио Фердинант и Гери Невил, ќе
посакате да направите се
што
е во ваша моќ за да ги победите, постоеше омраза, не можам да негирам…

открива Џерард.

Од друга страна
пак, кога ќе се најдете во селекцијата на Англија заедно со нив, ќе се
однесувате како да ви се допаѓаат како личности, но нивните кариери завршуваат,
исто и вашите, па пријателството почнува на вистински начин
“ додаде Стивен
Џерард кој во моментов соработува со Фердинанд заедно за „БТ Спорт“ како
фудбалски експерти/аналитичари.

Џерард доби на
два пати исклучување од меѓусебните дуели помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед
во текот на неговата кариера, моментално тој ја обавува функцијата на тренер на
екипата на Ливерпул за фудбалери до 18 годишна возраст, а доби можност да го
води тимот У19 во младинската лига на УЕФА оваа сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани