Легендата на Лестер остро ја осуди одлуката да му се врачи отказ на Раниери

by
1 минути читање

Иако пред само
неколку недели му даде целосна поддршка на својот менаџер, Лестер вечерва реши да му врачи отказ
на Клаудио Раниери.

Италијанецот пред
девет месеци испиша убава приказна и на големо изненадување му ја донесе на
Лестер титулата во Премиерлигата.

Но „Лисиците“
решија сентименталноста да ја стават во втор план и по серијата лоши резултати да се разделат со
стратегот.

Ваквата одлука не
му се допадна на Гери Линекер кој остро го осуди потегот на шампионот на
Англија.

„По се што
Клаудио Раниери направи за Лестер, да му се даде отказ сега е необјасниво,
непростиливо и навистина тажно
– напиша легендата на „Лисиците“ на Твитер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани