Поранешниот фудбалер на „ѓаволите“, Пол Сколс не се штедеше со критиките на адреса на Матајс де Лихт и неговиот трансфер на Олд Трафорд вреден околу 50 милиони евра.
Манчестер јунајтед во следните денови треба да ги потврди трансферите на Матајс де Лихт и Нусаир Мазрауи, кои пристигнуваат во пакет од Баерн Минхен во зделка вредна околу 70 милиони евра.
Но Пол Сколс не се сложува со потегот на „ѓаволите“ да инвестираат околу 50 милиони евра во Матајс де Лихт, легендата на Манчестер јунајтед смета дека Холанѓанецот е второкласен дефанзивец.
„Де Лихт не играше во Баерн Минхен, тоа е доволно да се вклучат алармите. Па ако во предвид го земеме и тоа што Даер играше пред него… Според мене, треба да бидеме прилично загрижени“ – вели Пол Сколс.
„Носите играч за 40-50 милиони само поради тоа што играл за Тен Хаг пред две или три години“.
„Јувентус се ослободи од Де Лихт, не беше доволно добар за нив, и очиглендо не е доволно добар за Баерн Минхен. Би рекол дека пристигнува во Манчестер јунајтед како второкалсен дефанзивец“.