Легендата на Јунајтед со совет до Лукаку: Следи го мојот пример и замини од Евертон

by
3 минути читање

Напаѓачот
минатата недела ја извести управата на „Карамелите“ дека нема намера да стави
потпис на нов договор и покрај тоа што можеше да стане играчот со најголама
плата во историјата на клубот.

Евертон сака да
го задржи Ромелу Лукаку но ќе има тешка задача, за Белгијанецот интерес
пројавуваат Манчестер јунајтед и Челси.

Играчот сега доби
совет од Рио Фердинанд, кој му порачува што побрзо да премине во поголем клуб.

„На што ќе се
присеќата кога ќе заминете во пензија
– вели легендата на „Црвените Ѓаволи“. „Сигурно не на пари.
Денешната генерација на фудбалери е добро платенa ако играат во Премиерлигата
.

„Најпрво ќе се запрашате,
каде се моите трофеи? Токму ова го размислува Лукаку во моментов
.

„Евертон е тим
кој се гради. Се наоѓаат во одлична позиција во моментов, нови сопственици,
нови пари и идеи за преселбa на нов стадион. Па иднината изгледа светла
.

„Но дали Ромелу
Лукаку сака да ја чека иднината?

„Тој сака успех
во сегашноста, сака веднаш да се бори за трофеј и да игра во Лигата на
Шампионите
.

„Ја разбирам
неговата желба. И јас бев во слична ситуација во Лидс. Игравме во Лигата на
Шампионите но дали победувавме? Дали го освоивме првенството? Не. Поентата на
моето заминување од Лидс беше да ја освојам Премиерлигата. Едноставно
.

„Во моментов
Евертон не може да му го понуди тоа. Евертон е голем клуб, но не е победнички
клуб. Беа победнички клуб во 80тите и сакаат да се вратат на тие патишта
.

„Но Лукаку сега
сака да игра за победнички тим
.

Фердинанд во 2002
го напушти Лидс и се пресели во Манчестер јунајтед каде освои шест титули од
Премиерлигата и една од Лигата на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани