Легендата на Јунајтед: Роналдо со две раце би прифатил понуда од Манчестер Сити!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо настапува во Ал Наср и тоа во одлична форма. Иако веќе наполни 40 години, Португалецот не планира да запре и игра на врвно ниво на Блискиот Исток.

Новиот договор на Роналдо е со важност до јуни 2026 година, а Теди Шерингем кој е поранешна ѕвезда на Манчестер Јунајтед даде интересна изјава. Тој смета дека португалскиот напаѓач со две раце би прифатил понуда да се врати во Манчестер, меѓутоа да заигра во синиот дел на градот за Сити.

Мислам дека навивачите на Манчестер Јунајтед не би биле среќни. Сепак, доколку работите и бројките се поклопат сигурен сум дека Роналдо со две раце би ја прифатил можноста да се врати. Тој уште знае да дава голови. Би било забавно да го видиме Роналдо во Сити“, изјави Шерингем.

Овие информации ги споделија англиските медиуми, веројатно станува збор само за шпекулации ама нема сомнеж дека би се случил вистински земјотрес ако Роналдо потпише со Манчестер Сити за крај на кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани