Поранешниот играч на Баерн Минхен, Ливепул и Манчестер Сити, Дитмар Хаман го критикуваше Кристијано Роналдо за реакцијата по промашениот пенал, кога напаѓачот почна да плаче.
Португалија вчера на пенали ја совлада Словенија и се пласираше во четвртфинале, голманот Диого Кошта беше неверојатен и ги одбрани сите три обиди на момците на Кек.
Победникот можеше и порано да биде решен, но Јан Облак го спречи Кристијано Роналдо од белата точка во последните секунди од првото продолжение.
На ЦР7 му падна тешко од промашувањето и почна да плаче, момент кој предизвика најразлични коментари.
Легендата на Германија, Дитмар Хаман беше разочаран од тоа што го гледа, вели дека однесувањето на Кристијано Роналдо било срамно, и напаѓачот требал да биде повлечен од игра.
„И мене ми го „проадоа“ тоа дека „Роналдо станал тимски играч бидејќи сега тимот му е потребен повеќе од било кога“. И мене ми ги „продадоа“ овие глупости, но мислам дека вечерва си го покажа правото лице“ – вели поранешниот играч на Баерн Минхен, Ливерпул и Манчестер Сити.
„Промашува пенал и почнува да плаче на теренот, почнува да плаче на паузата помеѓу двете продолженија. И си мислам, „пак се ставаш во центарот на вниманието“. Во составот има 26 играчи, има 20 луѓе во персоналот, има 30.000 или 40.000 навивачи на трибините, не си само ти“.
„Сакав да бидам неутрален, но по овој момент, почнав да навивам за Словенија бидејќи однесувањето на Роналдо е срамно. Мислам дека немаше потреба за нешто такво, не паметам дека сум видел нешто слично. Чим станете емотивен, многу лесно ќе се изгубите. Во тој моментов, тренерот требаше да го извади од игра и да му каже дека психички не е подготвен за крајот на натпреварот“.
„Секако, мора да му се честита за тоа што го изведе првиот пенал во пенал серијата, и го изведе наствина добро“.
„Но како што кажав, ми го „продадоа“ тоа дека „Роналдо сега е тимски играч“, а тоа всушност е глупост. Тој мисли само на себе“.
„Постигна гол во пенал серијата и им се извини на навивачите, нема потреба да им се извинува“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.