145
Челси формира италијански тренерски тандем, Маурицио Сари ќе биде главен тренер, а негова десна рака Џанфранко Ѕола.
Како фудбалер Ѕола помина седум години во Челси, има постигнато 80 голови, а еден од нив беше во финалето од Купот на победниците на куповите во 1998 со кои сините го освоија натпреварувањето.
„За мене ова е неверојатна работа. Ќе работам многу напорно бидејќи ова ќе биде тежок предизвик но среќен сум што сум тука и што ќе работам со Маурцио. Ќе го дадам најдоброто како што го давав кога бев фудбалер. Ќе дадам се од себе на новата позиција“, вели Ѕола.