Легендата на Баерн го купува гигантот кој беше исфрлен во четврта лига?

by Стефан
1 минути читање

Легендарниот германски голман Оливер Кан потврди дека започнал разговори за купување на француски Бордо, поранешниот шампион кој поради финансиски проблеми беше исфрлен во четврта лига.

Според информациите на медиумите легендата на Баерн Минхен и германскиот фудбал би можел да стане еден од сопствениците заедно со поранешниот претседател на Марсеј Џексуес-Хенри Ејрад.

„Разговорите за можно влегување во Бордо се на самиот почеток. Во овој момент не би можел повеќе да кажам“, изјави Кан за „Билд“.

Кан е без ангажман од април 2023 година откако го напушти Баерн Минхен каде што доби отказ на местото генерален директор, а неговото влегување во Бордо би било големо изненадување бидејќи клубот по банкротот се натпреварува во четвртата лига која е аматерска.

На табелата во оваа лига Бордо е четврти со 11 освоени бодови, но со два натпревари помалку. Само првото место од оваа лига носи во ранг погоре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани