Легендата на „аѕурите“ истепан и ограбен за време на натпреварот помеѓу Шпанија и Италија

by bojan
1 минути читање
Италија Шпанија

Легендарниот Роберто Баџо имал кошмар за време на натпреварот помеѓу Шпанија и Италија, разбојници влегле во неговата вила, го удриле со пиштол во глава, го заклучиле во соба и го ограбиле.

Роберто Баџо и неговото семејство имале непријанто искуство синоќа за време на натпреварот помеѓу Шпанија и Италија на Европското првенство.

Како што пренесуваат медиумите, кошмарот за легендата на „аѕурите“ почнал околу 22 часот, кога најмалку 5 вооружени разбојници влегле во неговата вила во Алтавила Виченца.

Роберто Баџо се обидел да се одбрани, но бил удрен со пиштол во глава и заработил длабока исекотина. Потоа тој и неговото семејство биле затворени во една соба, а разбојниците почнале да „оперираат“ по домот и украле скапи часовници, накит и пари.

Кога тој забележал дека разбојниците си заминале, ја искршил вратата и повикал полиција.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани