Легендата го советува Милан: Наместо Влаховиќ, купете го Хојлунд!

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан во финишот на преодниот рок треба да доведе напаѓач кој ќе ги исполни критериумите на Масимилијано Алегри.

Како две најсериозни опции и најспоменувани имиња се Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед и Душан Влаховиќ од Јувентус. На оваа тема реши да зборува легендарниот италијански тренер Фабио Капело.

Ми се допаѓа Хојлунд затоа што има квалитет и веќе се покажа како добар во Италија. Има движења, брзина, добро се снаоѓа во шеснаесетникот каде им прави големи проблеми на одбраните. Мислам дека може да биде добар избор за Милан на Алегри. Иако не се снајде во Англија, за мене тој би бил прв избор поради физичките и техничките карактеристики, способноста да игра за тимот и познавањето на италијанскиот фудбал.

Што се однесува до Влаховиќ, сите знаеме за каков фудбалер се работи. Но клучното прашање за мене е неговата глава, односно дали може да се врати на нивото кое го играше во Фиорентина? Тој не е во добра психолошка состојба, а неговите технички ограничувања остануваат. Не ја контролира топката добро и нема способност за дриблинг. Неговата годишна плата од 12 милиони евра може да создаде проблем во соблекувалната, ги знам играчите и нивните навики, многу зборуваат за ваквите работи“, изјави Капело.

„Росонерите“ имаат договор со Јунајтед за формата на трансфер на Хојлунд, ама играчот се двоуми за кам-бек во Италија. Од друга страна, Влаховиќ бара огромна плата која нема теоретска шанса да ја добие не само во Милан, туку во било кој клуб моментално ако се гледа формата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×