Легендарниот Варди пристигна во Италија, веќе потпишува автограми! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Џејми Варди денеска ќе биде промовиран како ново засилување на Кремонезе, тој доцна синоќа пристигна во Италија, Серија А ќе биде неговиот нов предизвик.

Варди по крајот на минатата сезона замина од Лестер, а сега како слободен играч се сели во Кремонезе. Англискиот напаѓач на 38 години ќе го има својот прв трансфер во странство.

Навивачите на Кремонезе се возбудени од доаѓањето на Варди во нивниот тим, па не чекаа многу за да се сликаат и да земат автограми.

Кремонезе има одличен старт на сезоната, две победи во првите две кола, триумфи над Милан и Сасуоло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×