Легендарниот Серсе Козми пред враќање на фудбалот!

by Стефан
1 минути читање

По четири години пауза од моментот кога се раздели со Риека, искусниот италијански стратег Серсе Козми наскоро би можел да се врати на фудбалот.

Италијанскиот тренер, кој стекна голема репутација водејќи ја Перуџа на почетокот на овој милениум, според најавите ќе ја преземе клупата на Салернитана.

Досегашниот тренер Џузепе Рафаеле ја водеше екипата од Салерно, но по серијата разочарувачки резултати управата одлучи да направи промена. Како фаворит се наметна токму Козми, кој треба да внесе свежа енергија и стабилност.

Козми е препознатлив и по тоа што во периодот во Перуџа афирмираше повеќе млади фудбалери, меѓу кои и Марко Матераци, Фабио Гросо, Фабрицио Микол, Фабио Ливерани…кои подоцна изградија големи кариери.

Салернитана не така одамна беше дел од Серија А, но во моментов настапува во Серија Ц, а целта на раководството е брзо враќање во вториот ранг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×