1,8K
Роби Кин, најдобриот стрелец во историјта на репрезентацијата н Ирска и фудбалер со најмногу настапи (146) е нов тренер на унгарски Ференцварош.
Се шпекулираше дека Ненад Бјелица е блиску да седне на клупата на унгарскиот клуб, но на крајот место него раководството се одлучи за Кин.
Ирецот го наследува Паскал Јансен кој замина во Њујорк Сити. Кин досега работеше во индискиот АТК и Макаби Тел Авив, а ова ќе му биде трета тренерска работа во кариерата.
Како фудбалер остави длабока трага во Тотнем за кој одигра 306 натпревари и постигна 122 гола.