Легендарниот Матеус му даде совет на Милер каде да ја продолжи кариерата

by Стефан
1 минути читање

Славниот Германец, Лотар Матеус на својот сонародник Томас Милер му препорача кариерата да ја продолжи во МЛС лигата во САД.

Милер како и што самиот потврди ќе го напушти Баерн во јуни откако клубот не му понуди нов договор.

„Не е моја работа да советувам, но Милер има многу опции во странство. Навистина би можел да го замислам во МЛС лигата во САД“, изјави Матеус.

За Баерн Минхен Милер игра од 2007 година и со заминувањето става крај на една блескава ера во клубот од Минхен.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани