10
Динамо Букурешт ќе добие нов стадион кој ќе го носи името на легендарниот Мирчеа Луческу кој почина пред неколку денови по тешко боледување.
Информацијата ја потврди министерот Каталин Предоиу, а новиот објект ќе има капацитет од над 25.000 гледачи и ќе биде изграден на местото на стариот стадион.
Покрај фудбалот, комплексот ќе содржи и услови за други спортови, како и музеј на клубот, со што ќе се оддаде почит на еден од најголемите имиња во историјата.
Луческу остави длабока трага во Динамо како играч и тренер, а во богатата кариера предводеше и клубови како Интер, Галатасарај и Шахтјор Доњецк, со кој го освои Купот на УЕФА во 2009 година.