Легендарниот Кавани со емотивна порака стави крај на кариерата!

by riste
2 минути читање

Вториот најдобар стрелец во историјата на ПСЖ, Единсон Кавани ги обеси копачките, преку социјалните мрежи тој потврди дека ја завршува играчката кариера.

Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот, Единсон Кавани објави дека оди во спортска пензија.

„Ме обликуваше, ме предизвика, ме научи повторно да се кревам кога ќе паднев и да го ценам секој чекор од патувањето. Ми дозволи да ги остварам соништата што, како дете, ми изгледаа невозможни и да запознаам неверојатни луѓе и на теренот и надвор од него.

Ништо од ова не би било можно без моето семејство, моите пријатели, моите соиграчи, тренерите и пред сè, луѓето. Љубовта од навивачите во секоја земја и во секој клуб е нешто што ќе го носам со себе засекогаш.

Заминувам во мир, со смиреност од сознанието дека дадов сè на секој тренинг и секој натпревар. Со грешки, со успеси, но секогаш со почит кон оваа професија што ми даде толку многу“, напиша Кавани.

Кавани се повлекува како фудбалер на Бока јуниорс на 38-годишна возраст. Во својата богата кариера настапуваше за матичниот Данубио, а потоа стана легенда на Палермо и Наполи, каде што во Италија помина шест години.

Следуваше трансферот на кариерата во ПСЖ во летото 2013 година за 64,5 милиони евра. Во Париз мина цели седум години, ги освои сите можни трофеи, освен Лигата на шампионите. Вкупно за тој период постигна 301 гол и долго време беше на врвот на листата стрелци во клупската историја за потоа да го помине Килијан Мбапе кој во Париз застана на 308 погодоци.

Подоцна во кариерата, Кавани го носеше дресот уште на Манчестер јунајтед и Валенсија, пред да се пресели во Бока. За репрезентацијата на Уругвај одигра 136 натпревари и постигна 58 голови.

Вкупно во кариерата, Кавани е на бројка од 745 натпревари во кои постигна 404 голови и запиша 79 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×