Легендарниот Италијанец удри по судиите: Тие се мафија, а ВАР ме излудува!

by 24 фудбал
1 минути читање

Италијанскиот тренер Фабио Капело со жестоки критики кон ВАР системот и современото судење, оценувајќи дека фудбалот оди во погрешна насока.

На маргините на гала вечерта на „Глоуб Сокер“, Капело во интервју за „Марка“ отворено го изрази своето незадоволство од начинот на кој функционира ВАР, како и од одлуките што ги носат судиите, кои ги нарече „мафија“.

Не ме прашувајте за ВАР. Оваа тема ме излудува. Судиите се мафија. Тие не сакаат да ги вклучат поранешните фудбалери во ВАР. Екс-играчите се луѓе кои ги знаат движењата во фудбалот. Движењето секој играч го прави за да си помогне. Многу често донесуваат одлуки затоа што не играле фудбал и не ги знаат овие движења. Го допираат играчот во лицето, тој паѓа на земја и тие свират. Но, зошто?! Ако јас сум висок 1,90 м, а другиот е 1,75 м, кога се движам, раката ми е во висина на неговото лице зошто судите пенал? Ова ме излудува, ме излудува“, изјави Капело.

Искусниот стратег посочи дека решението го гледа во вклучување на поранешни фудбалери во ВАР собите.

Ставете еден поранешен играч во ВАР собата, и таму ќе му каже на судијата дали е пенал или не. Заедно со УЕФА анализиравме 20 ситуации каде што беа досудени пенали, и ги разгледувавме со поранешни играчи и поранешни тренери. Шест од нив само беа пенали, дури 14 не беа“, додаде Капело.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×