Од таборот на Брера Струмица се пофалија дека во посета на клубот е поранешниот селектор на Израел и поранешниот тренер на Челси, Аврам Грант.
Аврам Грант е добро познато име во светот на фудбалот, беше селектор на Израел, потоа стана спортски директор на Челси, а кога Жозе Мурињо доби отказ од кормилото на „сините“, дури и седна на тренерското столче на клубот од Стемфорд Бриџ.
Тој денеска е во посета на Брера Струмица, оваа прлика ќе ја искористи и за да го гледа натпреварот против Струга во ПМФЛ.
„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШИОТ КЛУБ!“ – почнува соопштението на Брера.
„По иницијатива и лична покана на Зоран Балдовалиев, денес во Струмица е легендарниот Аврам Грант – поранешен селектор на Израел и поранешен тренер на Челзи“.
„Оваа посета е уште една потврда за визијата, контактите и амбицијата што Зоки ги вложува во развојот на Брера Струмица. Да донесеш светско фудбалско име во нашиот град значи работа, почит и јасна цел – раст на клубот на сите нивоа“.
„Денес ќе го проследи и натпреварот против Струга – дополнителен мотив за фудбалерите да го дадат максимумот“.
„Струмица денес дише фудбал. А кога имаш луѓе со визија – границите не постојат“.