164
Поранешниот аргентински фудбалер Мартин Демикелис и неговото семејство доживеале вистинска драма во последните часови од 2025 година, кога за малку ќе настрадале во морето на плажа во Пунта дел Есте во Уругвај.
Како што објави „ФМ Генте“, Демикелис заедно со своите деца влегол во морето на последниот ден од претходната година. Сепак, тие биле исненадени од силните бранови и се нашле во опасност.
Вистинска среќа било што спасувачите реагирале брзо. Тие влегле во морето и ги спасиле Демикелис и семејството, со што била избегната трагедија.