Поранешниот голман на Валенсија и шпанската репрезентација, Сантијаго Кањизарез, говореше за ситуацијата на Столе Димитриевски и го советуваше македонскиот чувар на мрежата да го напушти клубот.
Според него, Валенсија води неправилна политка, наместо да му даде поддршка и Димитриевски со кој има договор да биде број еден голман, тие му прават услуга на Атлетик Билбао и го развиваат Хулен Агирезабала кој брани како позајмен.
„Голманите повеќе од било кој друг се развиваат со играње. Она што го прави сега Валенсија е услуга за Атлетик Билбао бидејќи им го развиваат нивниот голман. Димитриевски беше одлично засилување, дојде како слободен и требаше да биде број еден. Но, ветувањата кон него не беа исполнети. Не го замени Мамардашвили и не стана број еден, а тоа креира незадоволство. Првата година и можеа да речат почекај, ќе дојде твоето време, но во втората кога се случи истото, веќе е јасно дека веднаш треба да си оди. Штом дојде клуб кој ќе ја покрие сумата, Валенсија ќе го пушти. Столе треба да замине, бидејќи Валенсија ништо не исполни од ветувањата кон него“, рече Канизарес.