Поранешниот репрезентативец на Италија, Џанлук Замброта кој во кариерата го носеше дрсот на Јувентус, Барселона и Милан откри дека се соочува со сериозен здравствен проблем.
Имено, Замброта ќе мора да оди на операцијата на двете колена со цел да избегне вградување на вештачки колена.
Легендарниот дефанзивец има проблем со искривување на колената и неговите нозе се во форма на „О”.
Како што вели Замброта и самите доктори биле изненадени што тој во ваква ситуација може да се движи.
„Направив три операции на менискус, но сега ги немам внатрешните меискуси на двете колена и со тек на времето ноезете ми се искривија. Докторите ме гледаат како медицински пример и се чудат како можам уште да одам“, истакна Замброта.
И во ваква ситуазија Замброта спортува, откри дека игра падел (спорт сличен на тенис).
„Разговарав со повеќе водечки хирурзи и никој не може да сфати како со вакви колена спортувам. Ќе ми сечат коска над коленото зад ми бидат вградени плочки кои ќе треба да ми ги исправат нозете. Ако нема успех последната опција ќе биде тотална замена на колената“, раскажа Замброта.
Замброта оствари и голем успех со репрезентацијата за која настапи на 100 натпревари, учествуваше на три Мундијал, три Европски првенства, Купот на Конфедерации во 2009 и Олимписките игри во 2000 година. Исто така беше дел од генерацијата на Италија која во 2006 година го освои Светското првенство.