Леганес за прв пат освои бод против Реал, Бензема ја продолжи голгетерската низа (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Леганес за прв
пат освои бод против Реал. Малиот тим од предградието на Мадрид на претходните
пет меча против „кралевите“ доживеаja исто толку порази. Сепак, избраниците на Пелегрини вечерва ја искористија лошата форма на фаворитот и се изборија за
1-1 пред своите фанови.

Домаќините
поведоа во последните мигови од првиот дел, Силва доби топка на врвот од
шеснаесетникот и умешно пласираше за водство од 1-0.

Реал Мадрид
изедначи на стартот од вторите 45 минути. По една бравура на Модриќ, Бензема
погоди за 1-1 и ја продолжи голгетерската низа. Французинот ги постигна
последните пет гола на „кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×