Рафаел Леао вели дека не се сложува со критиките кои ги доби од легендарниот Алесандро Костакурта, но признава дека може многу повеќе.
Рафаел Леао оваа сезона често е во фокусот поради погрешни причини, напаѓачот влезе во недоразбирања со тренерот Пауло Фонсека, па во неколку наврати беше седнат на клупа.
Португалецот исто така често е критикуван, а неодамна доби многу замерки од легендарниот Алесандо Костакурта.
„Да, точно е дека Леао е важен играч, но многу често не прави разлика на теренот. Сметам дека не е незаменлив. Исто така, според мене тој не е шампион и никогаш нема да биде шампион“ – неодамна рече поранешниот дефанзивец.
Од кампот на Португалија, Рафаел Леао денеска испрати одговор и порача дека не се сложува со ова.
„Не се сложувам, имам одлична сезона со Милан, но како и секој друг играч, имам падови и подеми. Видете, знам дека не сум перфектен играч и дека понекогаш можам многу повеќе, но критиките не допираат многу до мене. Се фокусирам на луѓето кои сакаат да ми помогнат и да ме унапредат“.
Тој исто така рече дека ги надминал недоразбирањата со тренерот Пауло Фонсека.
„Вакви работи се случуваат, немам ништо против него и тој нема ништо против мене. Сите недоразбирања се разрешени. Не сакам да седам на клупа и тоа е очигледно, но тој ги носи одлуките и јас треба да ги почитувам“.
„Кога ќе истрчам на теренот, морам да го прикажам најдоброто од себе за да му помогнам на тимот“.