Милан со гол на Леао го синоќа ја совлада Жирона во Лигата на шампионите, португалскиот фудбалер имаше големи зборови за новиот тренер на росонерите, Серџо Консеисао.
Леао е задоволен од тоа како се одвиваат работите во Милан во моментов, од неговите игри и од атмосферата во соблекувалната.
„Уживање е да играш со овој дрес и во Лигата на шампионите. Правиме одлична работа, ова беше многу важен натпревар и среќни сме како заврши. Атмосферата во соблекувалната е одлична и почнуваме да разбираме што сака тренерот од нас“, вели Леао.
Тој беше запрашан за влијанието на Консеисао и да направи споредба со Фонсека.
„Тие се различни тренери. Најважната работа сега е менталитетот, мора да бидеме фокусирани. Тој не ми дозволува да се исклучам и бара од мене секогаш да бидам присутен во натпреварот. Во второто полувреме се браневме како тим и го задржавме водството“.
„Консеисасо се обидува да ми помогне и како на човек и како на фудбалер, јас се трудам да разберам што сака. Тој е тип на човек кој е подготвен да умре за своите фудбалери, и јас се трудам да го правам истото“.
„Секогаш се обидувам да дадам 100 проценти за тимот. Понекогаш тоа успева, некогаш не. Денеска беше многу добро“.