Фудбалерите на Милан запишаа новата победа во Серија А, совладувајќи ја Фиорентина со 2-1 на „Сан Сиро“ во натпревар од седмото коло на шампионатот.
Првото полувреме помина без возбудувања и во него не видовме ниту еден удар во рамките на голот. Сепак, во вториот дел се променија работите. Гостите први дојдоа до предност во 55. минута преку Робин Госенс, кој најдобро се снајде во мешаницата пред голот на Милан.
Реакцијата на домаќините беше брза, само осум минути подоцна Рафаел Леао израмни на 1-1, стрелајќи со еден удар од далечина. Кога се чинеше дека двете екипи ќе ги поделат бодовите, Милан доби пенал во 86. минута, а токму Леао повторно презеде одговорност и сигурно реализираше за конечни 2-1.
🚨GOAL: Rafael Leao
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 19, 2025
Serie A | 🇮🇹 Milan 2-1 Fiorentinapic.twitter.com/MaHKdU8uOM
Со овој триумф, „росонерите“ се искачија на првото место на табелата со 16 освоени бода, еден повеќе од Интер, Наполи и Рома.