ЛЕ: Шкендија може да налета на Тотнем, Ренова на Галатасарај, а Силекс на Селтик

by
1 минути читање

Малку
недостасуваше Македонија да има четворица претставници во второто
квалификациско коло од Лига Европа, меѓутоа Шкупи не издржа на гостувањето кај
фаворитот Нефчи (2-1), како и да е, Ренова славеше минимално кај Алашкерт (0-1),
а Шкендија беше одлична кај Сумгаит (0-2).

Силекс загуби
убедливо кај Карабак во квалификациите од Лигата на шампионите, па од таму Кратовчани се селат во
второто по ранг европско клупско натпреварување, а во пресрет на ждрепката за
третото квалификациско коло за Лига Европа, ви ги презентираме сите можни
противници на нашите екипи, секако, доколку успешно го поминат второто коло.

Во второто коло
Шкендија ќе ги одмери силите против романски Ботошани, каде играат двајца наши
интернационалци, и тоа Стефан Ашковски и Давид Бабунски, доколку ја поминат
оваа пречка, тетовските „црвено-црни“ би можеле да ги добијат следните
противници во третото коло кои прогресирале дотаму
: Стандард Лиеж (Белгија), кој е апсолутен фаворит со Бала Таун (Велс), исто и Тотнем (Англија) во
пресметката со Локомотив Пловдив (Бугарија), можен противник е секако и Ростов
од Русија каде настапува нашиот Давид Тошевски.

Ренова најпрво
мора да го помине Хајдук од Сплит за да стигне до третото коло, а таму би можел
да налета на Галатасарај од Турција кој е фаворит во дуелот со Нефчи од
Азербејџан. Понатаму, можни противници на „Гипсарите“ се подобрите од следните
дуели
: ЦСКА Софија (Бугарија)
Бате Борисов (Белорусија), Каисар Кизилорда (Казахстан) – АПОЕЛ (Кипар), како
и Викторија Плзен (Чешка).

Што се однесува
пак до Силекс, можни противници за Кратовчани доколку го поминат тимот на Дрита
од Косово, за што имаат убава прилика за таков успех, во идното коло би можеле
да се судрат со Селтик од Шкотска, Судува од Литванија, како и Легија Варшава од
Полска.

Фото-вест: KF Shkendija (Facebook, архива)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×