Италијанскиот калчолигаш
не запира, па така стигна до фантастична победничка низа од цели девет победи
во сите конкуренции, Лацио со 1-0 го совлада францускиот претставник Ница во
групата „К“ и со тоа избори прогрес во следната фаза од второто по ранг
европско клупско натпреварување.
Стрелец на единствениот
гол на мечот во Рим беше Ле Маршанд кој со својот автогол му донесе триумф на
Лацио и максимални четири победи досега во групата. Во претходното коло, Римјаните во Франција славеа со 1-3.
По Лацио кој сега има 12
бода, следи токму Ница со шест, Варегем има четири, додека Витезе има еден
освоен бод.
Црвена Звезда го приреди
едно од најпријатните изненадувања на вечерашните средби откако се избори за
бод од гостувањето кај Арсенал во групата „Х“ играјќи реми без голови.
Со овој резултат од
Лондон, Арсенал и натаму е прв во групата со десет бода и веќе обезбеди место
во следната фаза, но првото место се уште не е потврдено, откако Црвена Звезда
сега има пет бода, еден повеќе од БАТЕ Борисов, односно два од Келн.
Натпревари од 19 часот (извештај и голови од овие натпревари – ТУКА)
АЕК – Милан 0:0
Аполон – Аталанта 1:1
Башакшехир – Хофенхајм 1:1
Копенхаген – Злин 3:0
Локомотив Москва – Шериф
Тираспол 1:2
Лудогорец – Брага 1:1
Лион – Стеауа 3:0
Макаби Тел Авив – Астана
0:1
Партизан – Скендербег 2:0
Ријека – Австрија Виена 1:4
Славија Прага –
Вилјареал 0:2
Јанг Бојс – Динамо Киев 0:1
Натпревари од 21,05
Арсенал – Црвена Звезда 0:0
Атлетик Билбао –
Остерсундс 1:0
Келн – БАТЕ Борисов 5:2
Стеауа – Хапоел Бер Шева 1:1
Гимараеш – Олимпик
Марсеј
1:0
Херта – Зорја 2:0
Лацио – Ница 1:0
Плзен – Лугано 4:1
Реал Сосиедад – Вардар 3:0
Розенборг – Зенит 1:1
Салцбург – Конјаспор 0:0
Витезе – Варегем 0:2