ЛЕ: Милан демонстрираше моќ во Виена, тимот на Монтела ги „почести“ Австрија со пет гола пред негова публика (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Завршија средбите
од првото коло од групите во Лига Европа кои беа предвидени да се одиграат во
терминот од 19 часот, следните се на програмата во 21,05 часот.

Еден од најсериозните
претенденти за титулата во второто по ранг европско клупско натпреварување оваа
сезона, амбициозниот Милан славеше убедлива победа на гостувањето кај Австрија
Виена и го понижи својот противник на негов терен совладувајќи го со 1-5.

Гостите уште во
првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот, Чалханоглу го отвори
резултатот во корист на Милан уште во 7. минута, три минути подоцна Силва
зголеми на 0-2, а истиот играч веќе во 20. минута му донесе водство од 0-3 на
својот тим.

Австрија Виена со
голот на Борковиќ само две минути по стартот на вториот дел успеа да намали на
1-3, но калчолигашот веднаш возврати и тоа со два гола во серија, најнапред
Силва во 56. минута го постигна својот трет гол на мечот, а Сусо во 63. минута ги
постави конечните 1-5 од овој натпревар. Грчки АЕК во истата група славеше на
гостувањето кај Ријека со 1-2.

Од останатите
средби кои се одиграа во истиот термин, Аталанта во групата „Е“ му нанесе тежок
пораз на Евертон совладувајќи го со 3-0, а головите за италијанскиот
претставник ги постигнаа Масиело, Гомез и Кристанте. Во истата група Лион
сосема неочекувано изгуби триумф во самата завршница на Кипар против Аполон, кој се спаси од пораз со гол во 90. минута.

Динамо Киев иако
губеше од Скендербег, сепак албанскиот тим изненади само во првото полувреме,
во второто прими три гола за победа на Украинците од 3-1 на средбата во рамките
на групата „Б“, каде Јанг Бојс на домашен терен одигра 1-1 со белградски
Партизан.

Брага извојува
гостинска победа кај Хофенхајм со 1-2 во групата „Ц“, каде Истанбул Башакшехир
и Лудогорец одиграа реми без голови.

Без голови одиграа
Злин и Шериф Тираспол, а во истата конкуренција, поточно групата „Ф“ идентичен
беше и резултатот од средбата помеѓу Копенхаген и Локомотив Москва.

Во конкуренцијата
„А“ пак, Вилјареал дома славеше над Астана со 3-1, додека пак Славија Прага
обезбеди минимален триумф над Макаби Тел Авив пред своја публика.

Резултати од натпреварите кои стартуваа во терминот од 19 часот:

Вилјареал –
Астана
3:1

Славија Прага –
Макаби Тел Авив 1
:0

Динамо Киев –
Скендербег 3
:1

Јанг Бојс –
Партизан 1
:1

Австрија Виена –
Милан 1
:5

Ријека – АЕК 1:2

Аталанта –
Евертон 3
:0

Аполон – Олимпик
Лион 1
:1

Хофенхајм – Брага
1
:2

Истанбул
Башакшехир – Лудогорец 0
:0

Злин – Шериф 0:0

Копенхаген –
Локомотив Москва 0
:0

Можно е и ова да ти се допаѓа

×